Вајомаг има воспоставено систем за квалитет фокусирани на следниве основни принципи:
- Пласман на производи со извонреден квалитет. Компанијата преку имплементација и континуирано подобрување на НАССР и ISO 9001:2008системот е обврзана да дистрибуира безбедни и здравствено исправни проиводи применувајќи ги Добрите Производствени Постапки, исполнувајќи ги законските регулативи, а воедно и задоволувајќи ги барањата на клиентите
- Перманентно спроведување на стручното оспособување за квалитетот и здравствено исправната храна на вработените на сите нивоа
- Подобрување на условите за работа, опремата и знаењето на вработените. Вајомаг постојано инвестира во најнови ITC технологии, модерни возила и развој на човечки ресурси. Во компанијата ги имаме имплементирано следниве системи: ERP, WMS, CRM и GIS
- Мерки за заштита на животната околина.