Вајомаг д.о.о. е трговска компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Од нејзиното основање, во 1999 година, до денес, компанијата бележи постојан раст. Тоа беше причина во 2007 година, да го преселиме нашето седиште во нов деловен и магацински простор, со посебен административен објект, складиште и разладни комори.
Денес, Вајомаг е компанија која обезбедува врвни услуги во областа на дистрибуцијата, логистиката и маркетингот, покажувајќи максимална ефикасност и ефективност во работењето.

Ние сме ослонлив партнер со долгогодишно искуство на македонскиот пазар.
Нашите принципали се компании со долгогодишна традиција и реноме, кои во своето портфолио имаат низа на познати европски и локални брендови. Како ексклузивен увозник и дистрибутер на високо квалитетни производи од реномирани компании, Вајомаг секогаш го практикуваме начелото за брзо, точно и квалитетно снабдување на сите продажни центри на големо и мало во Република Македонија.

Препознатливоста на Вајомаг со која се одвојува од конкурентите е широката дистрибуција на целиот асортиман на производи до сите продажни центри на големо и мало во земјата со својот возен парк. Компанијата континуирано вложува напори за подобрување на дистрибуцијата преку обновување на возниот парк и вложување во своите вработени и најнови ITC технологии.

Денес, со право, Вајомаг е водечка компанија во областа на дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка.