Вајомаг располага со нов, модерен и технички опремен возен парк, преку кој директно ја снабдува целата територија на Република Македонија. Сите возила се опремени со GPS уреди, а организацијата, контролата и следењето на сите транспортни и доставни рути се врши со помош на современо софтверско решение за организација и оптимизација на транспортот.
Преку нашата транспортна флота, директно се посетуваат повеќе од 2000 продажни места, а преку нашите суб-дистрибутери покриваме околу 3500 продажни места.
Возниот парк на Вајомаг е составен од следниве групи на возила:
- Мали товарни возила
- Комбиња опремени со разладни уреди
- Камиони опремени со разладни уреди
- Камиони за превоз на сладолед и др. замрзнати производи