Дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка е наша основна дејност. На нашите партнери можеме да им понудиме комплетна услуга – увоз, складирање, маркетинг, бренд менаџмент, продажба и достава.

Нашите коминтенти редовно се посетуваат од комерцијалистите на Вајомаг. Нарачките се прават со џебни компјутери и директно преку GPRS мрежата се испраќаат во централата. На овој начин производите се подготвуваат и се дистрибуираат за најкратко време, сè со цел да се постигне подобар пласман на нашите производи. Времето на испорака на производите до крајните купувачи се движи од 3-24 часа по примена нарачка.

За сите продажни програми кои ги дистрибуираме, гарантираме достапност на производите на крајните потрошувачи во секој момент и на секое место.

Квалитетната услуга и познавањето на локалниот пазарсе едни од основните карактеристики кои не издвојуваат од конкуренцијата и не прават да бидеме една од водечките дистрибутерски компании во Македонија.