Компанијата располага со имот од 8000м2 и складиштен простор со различни температурни режими и видови на складирање кој одговара на различните барања на долгогодишните и потенцијалните клиенти.

Деловниот и магацински простор е лоциран на излезот од Скопје, во правец кон Велес. Стратешката позиција (помалку од 1 км одалеченост од главниот автопат Е75), ни овозможува брза, навремена и квалитетна дистрибуција до сите големопродажни и малопродажни центри во Македонија како и лесна конекција до сите главни патишта кои водат надвор од државата.

Општи информации за нашите магацински капацитети:

  • 400 m2 деловен простор
  • 1.300m2 магацински простор (регален систем)
  • 4.000m3 ладилен дворежимски простор (регален систем)
  • 500+ тони капацитет во коморите за ладење
  • 1000+ палетни позиции