На 12.04.2014 под покровителство на Кинолошкиот сојуз на Македонија, кинолошкото друштво „Скопје“ и општина Кисела Вода се одржа меѓународна изложба на кучиња ЦАЦИБ (CACIB) за сите раси на која Вајомаг беше генерален спонзор со американскиот бренд NUTRENA Gran Forma.

На изложбата учествуваа повеќе од 120 педигрирани кучиња од земјава и странство.

Во рамките на изложбата посетителите имаа можност да го посетат штандот на NUTRENA Gran Forma, да се запознаат со сите производи достапни на нашиот пазар и да дознаат за поволностите кои оваа премиум храна ги нуди на милениците и на сопствениците.

Покрај информации за брендот NUTRENA Gran Forma, секој посетител доби бесплатен примерок од оваа храна за кучиња.

Во рамките на изложбата Вајомаг организираше и наградната игра во која беа поделени 83 висококвалитетни иноксни хранилки за кучиња.

Дополнително, победниците од секоја група беа наградени со пехари и со вреќа брикетирана храна NUTRENA Gran Forma од реномираниот американски производител NUTRENA.