Во склад со договорените активности со нашите принципали од една страна, како и потребата на клиентите да понудат производи кои се прилагодени на навиките на купувачитеод друга страна, развивме сервисни доработки и прилагодувања (изготвување на промотивни и акциски сетови) на производи за широка потрошувачка, инсертирање рекламни метеријали, подароци, итн.
Во рамките на нашиот магацин имаме посебно издвоен простор каде се одвиваат овие активности, а се во склад со унапредување на продажбата.